Засилени полициски контроли за празниците

Охридската полиција со засилени контроли за време на Велигденските и Првомајските празници. 

Најголем акцент ќе биде ставен на почитување на мерките и протоколите за заштита од заразни болести.  Самостојно,  но и заедно со инспекциските служби  ќе се врши контрола и во угостителските објекти.

Од полицијата апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките да се носи зашитна маска  и да се држи социјална дистанца. Секој да води грижа за своето здравје.

 „Полициските службеници во изминатиот период имаа интензивни разговори со претставници на хотелите, рестораните, бродарите и со претставниците на Дебарско кичевската епахија, а целта е сите да придонесеме да имаме безбеден град и заштита на граѓаните од Ковид 19“, вели Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.

Засилено полициско обезбедување ќе има и во верксите објекти,  но и во сообраќајот.

 „Сите овие денови предвидени се полициски патроли и полициски тимови на позначајните и пофрекрвентните сообраќајници, на  влезот на Охрид, во централното градско подрачје, на излезот кон туристичките локалитети , околу црковните храмови и целта е да придонесеме да имаме безбедни празници. Граѓаните и гостите да бидат сигурни и безбедно да се чувствуваат“, додава Димоски.

Според најавите Охрид од денес е полн со туристи. Најголемиот број од нив се домашни гости, но  има и од регионот.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани