Верниците се жалат на високите цени на месото и прехрамбените производи

На Велики петок православните христијани се подготвуваат за  најголемиот празниик Велигден.

Радосната вест за Христовото воскресение верниците годинава ќе може да ја дочекаат и во црквоните храмови, како што и било традиција од памти век, со исклучок на пандемијата.

Домаќинките традиционално подготвуваат богата празнична трпеза. Се месат козињаци, се прават кифлички, разни салати, торти,  но неизбежно е  јагнешко месо со компир. 

-Јагнешко  месо, таратур козињаци колачиња вапсани јајца. Се пто е најубаво да спремиме. Бидејки имаме внучиња правиме и шарени јајциња ги декорираме“, вели една охриѓанка.

-Деновиве јагнешко зедовме,компир  торта ке направам , козињак спремам. Децава на ручек ке ми додјат, вели друга охриѓанка.

-Јајца ќе вапсам, козињак ќе направам  можеби и тоа е тоа, вели трета охриѓанка. 

-Ќе има прасе печење, јагнешко обавезно и се што треба. Не  викаме голем број на луѓе, вели еден охриѓанец.

-Традиционално како што сме правеле во минатото, јагнешко јајца се Младите разни јајца ние смао црвени вапцуваме , вели постара жена.

– Имаме свинско домашно тоа е ние двајца луѓе сме децата ни се во странство, вели охриѓанец. 

Охриѓани  се пожалија на високите цени на месото и прехрамбените производи. Велат голем дел од верниците празникот ќе го минат скромно.  

–          Па јагнешкото го купив 360 денари килограм, вели една охриѓанка.

–          Цените се многу скапи нема вредност парата никаква вредност нема 1000 денари е нула, а пензиите ни се 15 000, вели еден граѓанин.

–          Сиромашно како да се подготвуваме цените се поскапени. Малце мевце економично како ти е тоа е се е поскапено многу , вели една повозрасна охриганка

–          Од се помалку ама сктомно малку месо салати јајца , вели повозрасна жена.

Некои од граѓаните на полноќ ќе одат во црква за да запалат свеќа,  а други заради пандемијата сепак ќе останат дома со семејството.

-Дома и во природа, шетање пешачење во природа.

-В црква и од црква дома, среќни празници на сите да поможат.

-Во домашен амбиент бидејки имам гости .

Граѓаните и овој  Велигден со иста желба, што поскро да заврши пандемијата и да се врати животот во нормала.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани