Д-р Хари Шокароски анестезиолог од „Свети Еразмо“: Населението без двоумење да се имунизира со првата достапна вакцина!

Д-р Хари Шокароски анестезиолог од „Свети Еразмо“:  Населението  без двоумење да се имунизира со првата достапна вакцина!

Се намалуваат бројките на новозаболени лица од корона вирусот, а расте бројот на оздравени. Состојбата не е критична , како што беше  пред неколку седмици. Единствениот излез од  епидемиолошката криза,  која повеќе од една година владее во светот е во масовна вакцинација.

Како пример за сите скептици и сомничави  граѓани , први се вакцинираа здравствените работници.  Тие постојано апелираат населението  без двоумење да се вакцинира со првата достапна вакцина, бидејќи на тој начин ќе го заштитат сопственото здравје.

-„Секоја вакцина е бенефит за здравјето на луѓето. Така и оваа вакцина против корона вирусот е единствениот излез од пандемијата. Ги повикувам сите структури на населението што поскоро да се пријават за вакцинација и без двоумење да  се имунизираат со првата достапна вакцина за сопственото здравје, бидејќи последиците од оваа болест  се страотни. Од 30 000 / 40 000 луѓе,  кои се вакцинираа немаше ниту една компликација,  а од сите заболени околу 200 илјади  имаме околу 5 000   смртни случаи. Тоа се факти“, вели д-р Хари Шокаровски анестезиолог од Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Свети Еразмо Охрид.

Голем дел од здравствените работници,  неуморно помагајќи на болните , се заразија со корона вирусот. И д-р Хари е еден од нив, тој врз своја кожа ја осетил суровоста на вирусот. За среќа  реагирал на лекарствата и ја поминал болеста, што за жал не беше случај со тројца негови колеги, кои  починаа од компликации од ковид.

-„Јас лично прележав потешка форма на ковид со билатерална бронхопневмонија која се искомплицира со цитокинска бура  и многу компликации. За среќа брзо реагирав на терапијата  и во рок од две три недели се вратив во нормала. И покрај се морам да нагласам дека е прилично тешка самата болест кога ќе зафати таква форма тогаш е прилично тешко и исцрпувачки за организмот  и многу непознаници што се може да се случи  по здравјето. Среќа е што немам последици,  но кај доста луѓе кои ја прележаа се влечат безброј последици од болеста. За жал некои завршија и фатално“, вели д-р Шокароски.

Здравствените работници една година како  неуморни војници војуваат со корона вирусот.

-„Ние сме како војници на фронт, во пандемија јасно е дека здравствените работници се први на ударот, ниту можат,   ниту смеат да ја избегнат обврската да бидат во контакт со пациентите.  И покрај сите мерки за заштита , маски , скафандери самиот процес на работа  носи постојан ризик.Невозможно е  во 24 часовно дежурство сите 24 часа да си сконцентиран и да ги запазиш сите норми за заштита при работа. И токму затоа голем број од здравствените работници речиси 80% беа во контакт со вирусот.  Нема каде  да се бега мора да се пружи нега на сите пациенти било да се позитивни или негативни. Особено кога се згрижува хитен пациент, едноставно  нема избор мора да се реагира брзо“, појаснува д-р  Шокароски.

Во недостиг на специјалисти , четворица анестезиолози во цел Охрид, двајцата анестезиолози од Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ дежураат и помагаат и во општата болница Охрид и во ковид центарот и на гинеколошкото одделение.

-„Во повеќе наврати  сме помагале на тешко болни,   ковид позитивни пациенти. Особено при ставање на сипап машини  тоа е неинвазивна кислородна  поддршка. Се става маска прицврстена со каиши добро прилепена на лицето и со притисочна поддршка пациентот диши нормално но самиот апатрат му дава притисочна поддршка за подобро апсорбирање на кислород во белите дробови. Ги едуциравме инфектолосите и интернистите бидејки само анестезиолозите ги имаат полагано тие  испити за работа со вакви машини“, вели анестезилогот Шокароски.

Во пандемијата  анестезиолозите интервенирале и при итни породувања  на позитивни трудници.

-„Кај бремените жени пред породување  нема време за ПЦР тесотви  и се прави само брз тест  и се установува фактичката ситуација . Иако ковид центар за трудниците е Гинеколошката клиника во Скопје каде во принцип се препраќаат , но кога имаме хитен случај нема избор, сме морале да интервенираме. И  за среќа не сме имале компликации сите породувања на ковид позитивни  трудници  завршија добро“, информира д-р  Шокароски.   

Здравствените работници немаат слободни денови, немаат одмори….. Отсуствуваат од работа единствено ако се болни.

-„Година и пол реално немам користено годишен одмор два  цели одмори вклучително и оној од лани не  ми е искористен. Оваа ситуација така налага нема користење одмори додека трае пандемијата мораме да сме на готовс“, вели д-р Шокароски.

Анестезиолозите во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија  имаат просечно по 500 анестезии годишно. И покрај пандемијата и  здравствената криза  оперативните зафати во надалеку познатата и реномирана  болница  се одвиваат континуирано. 

Текстот е изработен во рамките на  кампањата  „Здравствените работници се нашите херои – со нив се гордееме“, како поддршка во најголемата  здравствена криза во историјата. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани