Утрово на стариот пат Охрид Струга пронајдено е безживотно тело.
Според првичните информации работи за жена на околу триесеттина години. Не се знае причината за смртта, ниту дали врз телото има траги на насилство.
Од охридската полиција го потврдија случајот.
Моментално се врши увид на местото на настанот, подетални информации подоцна, вели портпаролот Стефан Димоски.
