Празниците го раздвижија Охрид. Големиот број гости од земјава и туристи од соседството изминатите денови потсетија на убавите времиња во туризмот пред пандемијата.
Најпосетени за празниците беа бројните цркви и манастири, културно историските споменици, во Стариот дел на градот, охридската чаршија, градскиот кеј и манастирскиот комплекс Свети Наум Охридски.
Гости имаше и по охридските плажи. Хотелиерите и угостителите делумно задоволни, велат не беше како во минатите години пред пандемијата. Се чувствува страв кај гостите , избегнуваат гужви голем дел од нив воопшто не седнуваат во угостителските објекти.
– „Гостите најмногу ги интересира самата безбедност во хотелите дали се почитувата протоколите, дезингфекција на собите и спа центрите. Се интресираа и за полицискиот час што моментално е кај нас како и за отвореноста на локалите и музеите“ вели Наташа Цветаноска туристички работник.
Интересот на гостите од Србија и Црна Гора за Охрид е голем, велат туристичките работници. Реконструираните нови автопати преку Албанија се дополнително олеснување за туристите.
„Сега Охрид не ни е толку далеку како некогаш. Албанците направија фини птишта па ние многу полесно и побрзо да дојдеме тука“ , Миле Мијушкович туристички водиќ од Црна Гора
„Најубаво е во Охрид за овие празници и редовно доаѓаме ако не секоја барем секоја втора година, вели гостин од Црна Гора.
-Зошто го сакам Охрид ќе ви наведам кратко да не ви одземам многу време , храна, музика, душа , вера , се, историја култруа уметност секогаш се враќам овде , вели гостинка од Црна Гора.
Заминаа гостите и од денес Охрид повторно зјае празен. Надежта на туристичките работници за спас на сезоната е во доаѓањето на странските гости со редовни авио линии, но тоа зависи од состојбата со пандмеијата.
Новинар Соња Рилковска
