Во организација на ОО на СБ од Струга,заедно со струшките пензионери,делегација предводена од претседтелот на СБМ-Струга,Ајредин Мемети и секретарот Никола Попоски,положија цвеќе на споменикот на паднатите борци од НОБ во центарот на градот.
Во делегацијата беа приклучени и претставници на опоштинските организации на СДСМ,ВМРО ДПМНЕ и почитувачи на делото на Тито и голем број граѓани на Струга и Струшко.

Свеченото одбележување кое беше по повод 76 годишнината од Денот на победата на фашизмот 9 Мај,како и Денот на Европа и во Струга се одбележа.
9 Мај е светски празник и неговото одбележување со другите земји од антифашистичката коалиција претставува голема свеченост.И Република Македонија и Струга како дел од таа антифашистичка коалиција даде свој влог во победата над фашисзмот,затоа граѓаните на Струга и Струшко имаат голема заслуга за светскиот мир и треба да го празнува овој ден,историското значење на антифашистичката војна и 9 Мај –Денот на победата и Денот на Европа.

Целата церемонија беше одржана под строго контролирани мерки,предложени од Владата на Македонја и Комисијата за здравство,во врска со пандемијата на корона вирусот.
Текст и фото: СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ
