Нема сфера од општественото живеење каде што Власта и градоначалникот Георгиески не ја докажаа својата неспособност, обвинија денес од Вмро Дпмне Охрид.
-Актуелната локална власт воопшто не води грижа за СРЦ „Билјанини извори“. Сликата којашто деновиве се гледа докажува тотална запуштеност од ЈП „Билјани Извори“ за спортскиот центар кој е обраснат со трева и тотално несреден.Власта на СДСМ не може ни да го зачува тоа што е направено од страна на ВМРО-ДПМНЕ, а не пак да изгради нови спортски игралишта и терени по светски стандарди.
Директорката на ЈП „Билјанини извори“ под итно да го реши овој проблем и да им овозможи на граѓаните безбедна рекреација.
Власта во заминување да покаже поголема грижа и барем на крајот од својот мандат нека сработи нешто во интерес на охриѓани, стои во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

