Интензивно се одвиваат градежните работи за реконструкција на улицата „Јане Сандански“.
Се изведува нова водоводна линија во должина од 700 метри и две секундарни линии од двете страни на улицата со вкупна должина од 1200 метри.Се работи на нови приклучоци на домаќинствата.Се поставува нова фекална канализација во должина од 400 метри со димензии Ф300. Бидејќи се работи за сложени активности, можни се повремени прекини во водоснабдувањето и отежнато одвивање на сообраќајот. Поради тоа апелирам до жителите на улицата и граѓаните на Охрид за поголемо трпение и поддршка во текот на реализацијата на овој значаен проект, информира градоначалникот Константин Георгиески.
