Јубилеј 10 години народен театар Охрид

По повод роденденот и 10 години Народен Театар Охрид на репертоарот следнава недела ќе биде изведена претставата “Сопружници”.

Режија на Драгана Таневска во ЧЕТВРТОК (03.06.2021) со почеток во 20.00 часот, цена на карта 200 денари. Играат: Гејб – Ивица Цонев Џуди – Елизабета Стефановска Џек – Никола Тодороски Сали – Адријана Билаловиќ Тодороска Мајкл – Филип Кипровски Сценограф – Борис Далчев, Ванчо Василев Костимограф – Ванчо Василев Инспициент – Филип Ангеличин – Жура Светло – Борис Велјаноски Тон – Митко Серафимоски Избор на музика – Драгана Таневска Дизајн на плакат – Борис Далчев “Сопружници” претставува песимистичко гледиште за романтичната љубов и бракот. Хуморот во претствата произлегува од реалноста на ситуациите. Ликовите не можат да ги надвладеат своите слабости и желби и затоа влегувааат во апсурдни ситуации кои се комични. Тоа пак, од друга страна е и специфичноста на хуморот на Вуди Ален, кој многу мудро и реално ги анализира ситуациите и карактерите – Драгана Таневска. Картите по цена од 200 денари ќе бидат пуштени во продажба од понеделник (31.05.2021) на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид.Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066. СОГЛАСНО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОТОКОЛИ СО ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА ПУБЛИКА!

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани