Мерко: Вложуваме во младите и спортот

Градоначалникот Мерко ги прими  спортистите Сеит Крека и Милот Лена од YoungTeam – Струга на неформална пријателска  средба.


На  средбата се дискутираше за потребите на клубот и спортистите воопшто и поддршката што ја дава Општината за истите. Градоначалникот Мерко им честита за нивната работа и потенцира дека се залага новите генерации да растат во спортски дух, за да се одбегне можност за девијација и пасивност.
Спортистите во знак на почит и благодарност за поддршката му подарија на градоначалникот униформа од клубот.

Young Team е спортска екипа која тренира 10 групи на различни генерации, почнувајќи од 5 годишни до 15 год.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани