Општина Струга врши дезинсекција и дератизација

Општина Струга ќе врши  дезинсекција против комарци и дератизација на шахти.

Се известуваат граѓаните, дека на ден 02.06.2021 година (среда) на територијата на општина Струга ќе се изврши дератизација на шахтите од страна на претставници на ЈП „Водовод и канализација“ и со надзор од општина Струга врз основа на договорот склучен со компанијата за јавна набавка.
На 03.06.2021 година (четврток) и 04.06.2021 година (петок) се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Струга дека ќе се спроведе прскање против копнени комарци (ларвицидна дезинфекција и аеросолна дезинфекција). Прскањето ќе се изврши во период од 20:00 до 06:00 часот наутро, со апарати, односно ладно прскање.
Дезинсекцијата ја опфаќа целата територија на општина Струга.
Од пчеларите и пчеларските здруженија се бара да ги преземат сите соодветни мерки за заштита на пчелите, стои во соопштението на општина Струга. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани