Започна уривањето на плажата „Куба Либре“ во Охрид

Под силно полициско присуство утрово започна уривањето на објектите на плажата „Куба Либре“ во Охрид.

 

Правните застапници на концесионерите обвинуваат за незаконска постапка. Велат има грубо кршење на законите , јавното наддавање се уште не е завршено по вина на локалната власт и не добиле решение за уривање.

 „Сметаме дека има сериозно пречекорување на овластувањата од општината да решаваат надвор од правните регулации, односно раководење со крајбрежието на овој начин. 0147Струјата е исклучена исто така противзаконски, објектот не работи очигледно имаме добра волја кај сопствениците да се постапи согласно напатствијата на општината наложени од Унеско, но сметаме дека е претерано покажување на сила“, вели Михаил Кичеец адвокат на Куба Либре.

Сопствениците на објектите поделе барање до општината за одлагање на процесот на отстранување во сезона. Штетите се огромни , ќе бидат згубени голем број работни места, што ќе има псоледици и врз туризмот.

 „Имаме штета од спреченост на работа и секако се заканува ризик од колабирање на повеќе сериозни економски субјекти, кои во овој момент се надеваа дека ќе се изнајде решение за нивниот статус , но истото не се случи. Штетата не е изолирана само на фирмите кои обавуваат дејност тука кои се дел од јавното наддавање туку на повисоко ниво значи страда целиот туристичкиси ектор во Охрид“ додава Кичеец.

„Ние најдовме начин по старата концесија да си плаќаме кирија и таа е платена заклучно со 28.02. 2021 година. Да не се прави лажна слика дека правиме некаков криминал. Не е точно дека сме заработиле 190 милиони денари профит. 516 илјади евра се во реинвестиција, 300 илјади евра се данок кон државата и сите платени концесии. Се трудевме да бидеме светла точка во угостителството, пример сме во Охрид и во државата“, вели Хари Маловчев менаџер на „Куба Либре“.

Од општината велат по завршувањето на Куба либре, акцијата прдолжува на плажите Кадмо“ и „Бела Виста“, а потоа на потегот кон населбата „Канео“.

-„Угостителските објекти кои работат на овие плажи треба да престанат да извршуваат угостителска дејност надвор од законските процедури и да пристапат кон затворање на локалите. Остануваме посветени на исполнување на препораките на УНЕСКО и одредбите од Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион. Сите нелегални градби кои претставуваат опасност за регионот и се во спротивност на режимите на заштита ќе бидат отстранети и нема да има никаква селективност во постапките. Никој не може и не смее да биде над законите и интересите на Охрид!“, стои во соопштението од општина Охрид.

Концесиоенрите на плажите најавија жалби и постапки во надлежните инстанци.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани