Во 2020 година за 26% поголема смртност во земјава

Според податоците на Државниот завод за статистика, во  Македонија бројот на умрените лица е зголемен за 26.0 % во однос на претходната година и изнесува 25 775 умрени лица.

Поголем број се од машки пол, и тоа 13 914 или 54.0 % од вкупно умрените лица. Бројот на умрените доенчиња изнесува 108 и нивното учество во вкупниот број на умрените лица изнесува 0.4 % на 100 умрени лица.

Во Охрид починале 761 лице и едно доенче, од нив 394 починале во здравстевна установа.Во Струга починале 723 лица,  три доенчиња , од нив  291 ице починале во болница. 

Според месецот на смртта, најголем број случаи се во месец ноември (3 847). Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 71.6 години, односно 75.3 години кај лицата од женски пол или за 3.7 години повисока просечна возраст се бележи кај жените. Како и во минатите години, најголемо учество имаат умрените лица од болести на циркулаторниот систем, според МКБ-10 (шифра I00-I99), и тоа во 41.6 % случаи од вкупно умрените, неоплазмите (шифра C00-D48) со 15.2 %, потоа следат умрените лица како последица од пандемијата на КОВИД-19 (шифра U07) со 10.9 %, со 5.8 % се застапени случаите кај кои причина за смрт се болестите на респираторниот систем (шифра Ј00-Ј99), додека умрените кај кои причина за смрт се ендокрините, нутритивните и метаболичните болести (шифра Е00-Е90) се застапени со 5.3 % од вкупно умрените, а со 3.7 % се умрените лица кај кои причина за смрт се болестите на нервниот систем и следат останатите, но со помала застапеност.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани