Жител на Велешта фатен со дрога.
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против П.И.(27) од с.Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 24.11.2020, при извршен преглед на патничко возило „голф“, управувано од пријавениот, пронајдена и со потврда била одземена марихуана, информираат од МВР.
