Реакција за денешните протести и блокади пред АКвтокампот Градиште испратија од компанијата ТД МКМ Нова Трејд ДООЕЛ ,с.Пештани,Охрид,-фирмата закупец на Автокампот .Градиште, која стопанисува со истиот врз основа на уредно склучен и заверен Договор за закуп со закуподавецот ИНЕКС Горица АД Охрид. и за стопанисување со истиот ги поседува сите потребни и неопходни одобренија и дозволи издадени од надлежните инститиции.
-„Како одговорна компанија, а во контекст на најавените протести,ангажиравме и дополнително обезбедување и ги превзедовме сите неопходни мерки за зачувување на безбедноста и сигурноста во Автокампот,а со оглед на претходно по медиуми дадените изјави од страна на организаторит на протестите,дека истите можат насилно да ескалираат ,да се запали Автокампот и слично. Напоменуваме дека нашето друштво,закупец на Автокампот,нема ништо заедничко со барањета за враќање на имотите од страна на поранешните сопственици и ниту на било кој друг начин може да влијае на таа постапка и соодветно на тоа ги упатуваме на решавање на тоа прашање низ институциите на системот надлежни за решавање на таа проблематика. Воедно,напоменуваме дека со ваквите активности и блокади на Автокампот од страна на здружението ,,Оревче,, ,ни се нанесува значителна репутациска и материјална штета,за што,по консултација со нашиот правен тим,ќе поднесеме соодветна пријава пред надлежните органи за понатамошно постапување“, стои во реакцијата на компанијата ТД МКМ Нова Трејд ДООЕЛ.
