Агенцијата за подршка и промоција на туризмот пред претставниците на туристичките агенции од земјава денеска во Струга одржа презентација на правилникот за начинот видот и висината на субвенциите .
Пред присутните се обрати и директорот на АППТ Љупчо Јаневски кој посочи на битните сегменти за развојот на туризмот ,субвенциите и одржливоста на дестинацијата како еден од најважните елементи во туризмот .
Воедно на презентацијата беа посочени и најчестите пропусти за правилно аплицирање за субвенции и начините за подобра соработка.


