Вевчани на прагот на постигнување колективен имунитет

Во Вевчани вакцинацијата тече без потешкотии. 

  Во периодот од 30 март  до денес се обезбедени 1560 дози вакцини( 510 Astrazeneka, 400 Sinofarm i 650 Sinovac). Имунизацијата тече непречено со преку 100 аплицирани вакцини дневно. Досега со најмалку една доза се вакцинирани 1150 граѓани.

Вакцинирањето продолжува и во центарот за масовна имунизација Охрид.

-„Единствен начин за обезбедување на колективен имунитет против Covid 19 е масовната имунизација. Нашата установа е активно вклучена во тој процес.Вевчани е на прагот на постигнување на колективен имунитет, за две недели очекуваме бројката на вакцинирани да надмине 60% од населението. На ниво на населените места кои ги покриваме осетна е зголемената заинтересираност и го постигнавме државниот просек на имунизација. Пријавувајте се на платформата vakcinacija.mk тоа е најлесниот начин за добивање термин за вакцинација“, информира Јован Стојкоски директор на Здравствен дом Вевчани. 

Нема достапен опис

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани