РЕАКЦИЈА: Протестот на „Оревче“, го попречува правото на движење на камперите

После вчерашниот, втор протест на Здружението „Оревче“, реакција од закупците на автокампот Градиште.

Користејќи ги нашите права дадени со Уставот и законите на РСМ,ја истакнуваме оваа наша реакција во врска со денес одржаниот,таканаречен мирен протест на здружението на граѓани ,,Оревче,, со блокирање на влезот во Автокампот Градиште,со кој што стопанисува нашата компанија.
Она што за некого е мирен протест и демократско право,за други е ограничување на правото на слободно движење на територијата на РСМ.
Најпрво сакаме да укажеме дека со оваа наша реакција не сакаме да ограничиме,нити да оспориме нечии права кои им се загарантирани со закон.Напротив,сакаме и нашите права кои исто така ни се загарантирани со закон да се почитуваат во целост.Законите не може и не се за некого мајка,а за некого маќеа,како што за жал денес бевме сведоци дека беа.
Нашата компанија нити е надлежна,нити може да носи било какви одлуки или да влијае врз нечии права,барања и слично.Оттука протестот е погрешно насочен према нас и према повеќето од 2.000 кампери и посетители од најразлична старосна структура.
Денес ,за жал бевме сведоци како тие ,,мирни,, протестанти,не дозволија влез и излез од кампот на нивни сограѓани,бремени жени,родители со бебиња од само 4 месеци,кои мораа да го напуштат кампот заради лични потреби од кои дел беа од здравствена природа.
Својот протест го најавиле во СВР Охрид,но со нити еден допис не беше известена нашата компанија,како би можела навремено да ги извести присутните кампери за блокадата на ЕДИНСТВЕНИОТ влез и излез од авто кампот Градиште.За жал тоа не го сторија нити припадниците на СВР Охрид.
Откако беше реагирано до претставниците на МВР,нивниот одговор беше дека немаат ингеренции и не смеат да интервенираат?! Замислете , не смеат да интервенираат и да овозможат слободно движење на територијата на РСМ и тоа не од обест, туку заради здравствени прегледи и здравствена помош.Одговорот на протестантите и на службениците на МВР е кампот да се напушти пеш и со такси да се упатат према најблиската здравствена установа.
Дали ова е важење на Уставот и законите? Она што за едните е право,израз на демократијата,правото на мирен протест и јавно изразување на мислење,за други денес беше ограничување на правото на слободно движење,во својата сопствена земја,БЕЗ ПРАВЕН ОСНОВ!!!
Денес,повеќе од 2.000 граѓани на оваа земја,беа ограничени во своите права на слободно движење,буквално беа заробеници на едвај 20-30 луѓе,под закрилата на правото на протест.Нити еден од тие 2.000 луѓе денес,кои беа буквално затворени меѓу оградите на кампот,како да се во концентрационен логор, без право на влез и излез,без право на здравствена помош,нема никаква допирна точка со спорот кој го имаат учесниците на протестот со државата.Се знае како се остваруваат права-со соодветни барања до надлежни институции кои можат да носат одлуки по тие барања,а не со блокирање слободното движење на недолжни граѓани .
Со ваквите дејствија,се врши злоупотреба на правото на протест,заради остварување на лични цели,со кршење на правата на другите луѓе–неучесници на протестот.Законите постојат за да се почитуваат.Како што сите ние го почитуваме нивното право на протест,така и тие треба да го почитуваат правото на секој еден граѓанин на слободно движење.
Со злоупотреба на право,со кршење на права,со неправо никогаш не може да се остварува право!!!, стои во реакцијата на компанијата МКМ Нова трејд Охрид. 

       

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани