„Охридско лето“ е најсветлата ѕвезда на македонското културно небо, темел на нашата традиција и вистинска гордост за секој охриѓанец, напиша на својот Фејсбук профил градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.
-Оваа најголема музичко сценска манифестација е нераскинлива нишка на нашиот идентитет и препознатлив печат со непроценливо уметничко значење. Обврзани сме да продолжиме да ги чуваме и негуваме овие културни вредности и да создадеме услови за нивно поголемо унапредување и почитување.
Уметниците од Националната опера и балет, вчеравечер со прекрасна балетска изведба на „Големиот Чајковски“ го означија стартот на овогодинашното фестивалско издание.
Убеден сум дека во текот на наредните денови ќе имаме можност да уживаме во уште многу прекрасни изведби од врвни уметници, пишува Георгиески.

