Георгиески: Илинден е темелот на нашата историја

Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески, положи цвеќе на споменикот на Илинденските борци во Велгошти. 

 -„Чест ми е што во предвечерието на големиот празник Илинден, одадов почит и положив свежо цвеќе на споменикот на Илинденските борци во селото Велгошти.

Овој празник е темел на нашата историја и наша потврда дека сплотеноста и заедништвото се основа за големи подвизи. Денес, е денот кога се присетуваме и ги славиме идеалите на илјадници македонски дејци, револуционери и борци за слободна и независна држава. Илинден е длабоко втемелен во кодот на македонците, силно вкоренет во традицијата, а во колективната меморија важи за симбол на непокор на голем број херои кои се жртвуваа за слобода. Благодарение на нив, ние денес живееме во мир и во своја држава меѓународно признаена. Но борбата за подобро утре, посветла иднина не смее да запре. Како аманет на нашите предци кои се жртвувале за слободна и независна држава, нека ни биде борбата за подобра иднина за нас и нашите поколенија.

 

Нека ни биде честит Илинден и нека е вечно делото на двата Илиндена 1903 и 1944 година“, напиша Георгиески. 

Нема достапен опис

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани