Илинден е нашата светост. Посебно чувство за секој Македонец. Тоа е нашата голгота, без која немаше да има слобода.
Додека трае споменот за Илинден ќе трае и Македонија, зошто Илинден е нашата епска битка, нашата библија и нашиот крст кој го прифаќаме и носиме, порача претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски од струшко Ташмаруништа. Македонија е европска земја, и нашето место е токму таму, во семејството на Европската Унија, а она што за Заев сега е Европа, и го вика Мини Шенген, тоа значи дека донел уште еден пораз за државата, рече Мицковски.

– „Париз, Брисел и Берлин,со должно почитување не може да бидат Врање и Драч. Со целиот респект за нашите соседи, но гумата за спасување на Заев која се вика Мини Шенген е само доказ колку државава тапка во место, и колку имаме неуспешна влада. А уште е понепријатно кога ќе го видите премиерот на сопствената земја во друштво на Вучиќ и Рама како се труди да најде барем еден проект во главниот град за да се пофали дека изградил, а всушност ги фали проектите на владите на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Мицковски.

Македонија е на сите луѓе и Македонија ќе ја направиме за сите луѓе, рече лидерот на најголемата опозициска партија, повикувајќи ги граѓаните на обединување и излезност на локалните избори.

-„Работата не е да направиме коалиција за власт, туку коалицијата на народот против Заев. Од тука, точката на нашето обединување е да дадеме отпор кон власта и да ја кренеме урнисаната држава на нозе. Но затоа е потребен свесен народ, и политичари кои ќе гледаат подолгорочно од своите апетитите и интереси. Затоа обединувањето во еден блок против Заев ќе биде жесток шамар за власта која ќе падне за неколку месеци по локалните избори“, додаде Мицковски.
Пред споменикот на двата Илиндена во црквата „Свети Архангел Михаил“, каде се наоѓа заедничка гробница на паднатите востаници во струшкото село Ташмаруништа, денес традиционално беше одбележан Денот на Илинденското востание.

Прославата апочна со звукот на црковната камбана, македонската химна и полагање цвеќе. Веќе 70 години вака се слави Илинден во селото, каде за време на Илинденското востание 1903 година се одиграла најжестоката борба меѓу востаниците и турската војска во овој регион.
Новинар Соња Рилковска
Илинден е нашата светост. Посебно чувство за секој Македонец. Тоа е нашата голгота, без која немаше да има слобода. Додека трае споменот за Илинден ќе трае и Македонија, зошто Илинден е нашата епска битка, нашата библија и нашиот крст кој го прифаќаме и носиме, порача претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски од струшко Ташмаруништа. Македонија е европска земја, и нашето место е токму таму, во семејството на Европската Унија, а она што за Заев сега е Европа, и го вика Мини Шенген, тоа значи дека донел уште еден пораз за државата, рече Мицковски.
-0352 „Париз, Брисел и Берлин,со должно почитување не може да бидат Врање и Драч. Со целиот респект за нашите соседи, но гумата за спасување на Заев која се вика Мини Шенген е само доказ колку државава тапка во место, и колку имаме неуспешна влада. А уште е понепријатно кога ќе го видите премиерот на сопствената земја во друштво на Вучиќ и Рама како се труди да најде барем еден проект во главниот град за да се пофали дека изградил, а всушност ги фали проектите на владите на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Мицковски.
Македонија е на сите луѓе и Македонија ќе ја направиме за сите луѓе, рече лидерот на најголемата опозициска партија, повикувајќи ги граѓаните на обединување и излезност на локалните избори.
-0950„Работата не е да направиме коалиција за власт, туку коалицијата на народот против Заев. Од тука, точката на нашето обединување е да дадеме отпор кон власта и да ја кренеме урнисаната држава на нозе. Но затоа е потребен свесен народ, и политичари кои ќе гледаат подолгорочно од своите апетитите и интереси. Затоа обединувањето во еден блок против Заев ќе биде жесток шамар за власта која ќе падне за неколку месеци по локалните избори“, додаде Мицковски.