Скопјанец нападнал полицаец, битолчани се тепале во авто-камп

Две нарушувања на јавниот ред и мир. 

 

На 02.08.2021 година во 03.35 часот, на бензиска пумпа лоцирана на булеварот „Туристичка“ во Охрид, А.Т.(34) од скопското село Марино го наруши јавниот ред и мир, извршил оштетување на дел од инвентарот а потоа и физички нападнал полициски службеник кој преземал службени дејства. А.Т е приведен во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во друг случај: 

На  01.08.2021 година околу 13.00 часот, во авто-кампот „Градиште“ во Охрид, П.И.(18) го нарушил  јавниот ред и мир, со физички напад кон А.К.(18), двајцата од Битола. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани