Гостиварец фатен со наркотици во Охрид.
На 01.08.2021 во 22.40 часот на ул.ицата „Кленоец“ во Охрид полициски службеници од оделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, од слобода ги лишија Г.Г.(39) од Гостивар и Ц.Ф.(22) од Поградец, Р.Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Кај Г.Г. се пронајдени и одземени прашкаста материја и таблетки, а кај Ц.Ф. прашкаста материја. Тие се приведени и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветна пријава.
