Мерко повторно кандидат за градоначалник од ДУИ

Рамиз Мерко со зелена агенда ќе ја бара довербата од стружани за четврти мандат.

Тој и официјално е кандидатот на ДУИ за Струга за локалните избори во октомври.  Партијата смета дека тој се покажал како вреден и градоначалник добар за сите граѓани. Секогаш кога се кандидирал победувал и испраќал во политичка пензија и лидери на партии кои му биле противкандидати рече денеска од Струга вицепремиерот од редовите на ДУИ Артан Груби.

Груби смета дека Мерко ја заслужил довербата на партијата и е на ставот дека кривичната пријава што е поднесена за трошењето на буџетот, не е доказ дека градоначалникот е нешто виновен.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани