
Велештанец осомничен за нелегална сеча во Лабуништа.
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на дрва“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против Е.Ќ.(50) од струшкото село Велешта и против неговото правно лице со седиште во истото село, како и против албанските државјани Л.Д.(21), О.Д.(25), М.К.(45) и Ф.М.(31). При контрола извршена на 08.08.2021 година во месноста „Балески лазој“ атар на струшкото село Лабуништа, полициски службеници ги затекнале албанските државјани во бесправна сеча на букови дрва и притоа констатирале дека нелегално биле ангажирани за работа од сопственикот на правниот субјект, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
