Градоначалникот Константин Георгиески ги додели признанијата на најдобрите учесници на второто издание на Едриличарската регата за класа оптимист Sail O’Clock, која во организиција на Културолошката иницијатива „5 до 12“ и Клуб ЕК „Пират“ се одржа денеска во водите на Охридското Езеро.
На регатата учествуваа екипи во машка и женска категорија, во пет трки и три натпреварувачки дисциплини.
Одржувањето на оваа спортска манифестација е поддржано од Општина Охрид.
Нашето Охридско Езеро има огромни потенцијали за развој на водените спортови, а ние како Локална самоуправа, секогаш ќе бидеме подготвени за поддршка на вакви позитивни иницијативи и спортски настани.
Упатувам честитки до наградените на овогодинешната регата, со надеж дека овој спортски настан ќе продолжи да се одржува и во иднина, со уште поголем број на учесници, рече градоначалникот Константин Георгиески.



