Враништани викендов на масовни протести

Враништани два дена на протести.

Жителите бараат водоводна и канализациона мрежа. Велат сами се приморани да градат септички јами, кои се излеваат низ селото  и се потенцијална опасност по здравјето на луѓето.

Колекторот за отпадни води е изграден на земјиште кое припаѓа на село Враништа,  а жителите немаат канализација со децении не се поврзани во колекторскиот систем.

„И покрај бројните ветувања дадени од страна на властите во текот на сите години граѓаните на Враништа остануваат без канализациона мрежа а што е најтрагино на само 50 преку Црн Дрим се наоѓа колекторот за отпадни води од целиот струшки регион“, истакна Иванчо Милески претседател на МЗ Враништа.

Велат дека уредно плаќале за изградба на канализациона мрежа, но никогаш не им е изградена. Враништани се  соочуваат и со проблеми со водоснабдувањето.

„Во однос на водоводната мрежа ќе истакнам дека цефките од истата се веќе стари и мора да се променат. Притисокот на водата псоебно во лето е многу мал што е пробем кој треба да се земе во предвид кога ќе се работи на водоводната мрежа“, додава Милески.

Враништани бараат итно да започне изградба на канализациона и водоводна мрежа , во спротивно ќе организираат уште помасовни протести и блокади на патишта и колекторскиот систем.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани