Градежните активности за реконструкција на улицата „Јане Сандански“ се одвиваат по интензивна динамика.
✔Уредени и поплочени се тротоарите на левата страна, по целата должина на улицата;
✔Се уредуваат тротоарите од десната страна на улицата;
✔Поставено е ново улично осветлување; ✔Претходно беше извршено:
▪Поставување на нова водоводна линија во должина од 700 метри и две секундарни линии од двете страни на улицата со вкупна должина од 1200 метри; ▪Поставување на нова фекална канализација во должина од 400 метри; ▪Преприклучување на домаќинствата.
Во рамки на проектот, предвиден е нов асфалт на коловозот, подигнување на нов дрворед, соодветна сообраќајна сигнализација, велосипедски патеки и две автобуски постојки, информира градоначалникот Константин Георгиевски.
