Младиот, талентиран пијанист Васко Дантас од Португалија се вљуби во Охрид. Воодушевен од културно историското богатство и прошетката низ Стариот дел на Охрид со туристички водич.
Ги посети средновековните цркви, автентичната градска архтекрура, се врати во римско време на Античкиот театар, беше на Плаошник и Света Софија, прошета по старата калдрма,каде секое камче раскажува вековна приказна…..Посебно беше фасиниран од Самоиловата тврдина и прекрасниот поглед врз целото Охридското езеро.

-„Прв пат дојдов во Охрид. Воодушевен сум, колку убав град колку многу историја, култура. Благодарен сум на фестивалот Охридксо лето за укажаната можност да прошетам низ сите вредни културни споменици“, рече Дантас.
Задоволство беше да се посети Националниот музеј „Куќата на Робевци“ и да се видат сите вредни поставки.

„Овој музеј ме потсетува на Виенските куќи. Прекрасно е навистина. Какви експонати од праистоија до денес.Не знаев дека Охрид е толку уникатен. Воодуешевн сум“, рече Дантас.

И покрај пандемијата, уметниците на фестивалот Охридско лето и годинава имаа прилика да ја слушнат приказната за древниот Охрид и да понесат незаборавнни спомени. Голем дел од нив прошетаа по културно историските споменици низ Стариот
Воведувањето прошетки со туристички водич за уметниците на фестивалот Охридско лето, трета година по ред се покажа како успешен проект, преку кој се врши силна промоција на културно историското богатство на Охрид.
