Струшките средношколци започнаа настава со физичко присуство.
-„Доколку се почитуваат сите протоколи децата се безбедни“, рече Филипче.
Од средните училишта во Струга велат подготвени се за настава со физичко присуство.
-„Ние и минатата година цела година во екот на пандмеијата практичната настава ја изведувавме со физичко присуство мислам дека одлично одговоривме на предизвиците немавме ниту еден уеник заболен и ниту еден професор заболен мислам дека функциниравме беспрекорно со почитување на сите мерки и протоколи“, вели Кети Јанкоска директор на Нико Нестор.
Во основните училишта во струшко наставата од 1 септември се одвива со физичко присуство и до денес нема ниту еден заболен ученик, ниту наставник.
Кризниот штаб на општина Струга, поради лошата епидемиолошка слика, побара одлагање на стартот на учебната година. Како ќе продолжи наставата во средните училишта во Струга од четврток се чека конечната одлука на Комисијата за здравство.
Новнар Соња Рилковска
