Во струшко нема пријавен ниту еден професор, ниту ученици заболени од корона вирусот.
Иако основците ја стартуваа учебната година на 1 септември и веќе една седмица наставата и во средните училишта во Струга се одвива со физичко присуство, до денес нема ширење на вирусот помеѓу учениците или професорите.
Од училиштата велат причината е строгото почитување на протоколите и мерките за заштита.
-„Досега не е пријавен ниту еден професор или некој ученик кој покажал симптоми и е тестиран да е позитивен на ковид 19“, вели Арменд Арслани директор на болница Струга.
Се намалува и бројот на хоспитализирани пациенти во струшката болница. Денес има само 19 пациенти на болничко лекување.
-„Од нив 8 пациенти се вакцинирани со две дози но се со полесна клиничка слика. 13 пациенти се со поддршка на кислород од 2 до 32 литри во минута. Сите ресурси се ставени на располагање“, додава Аслани.
Дека се смирува епидемиолошката слика во струшко, потврдува и двојно помалиот број на прегледи. Ако мината недела имало 130 прегледи дневно , оваа недела во просек има 80 контролни прегледи во амбуланта.
Новинар Соња Рилковска
