Светскиот првак во шах се натпреварува во Струга

Светскиот првак Магнус Карлсен од вчера се натпреврува на Купот на шампиони во шах во Струга.

 

Триесетгодипшниот Карлсен од Норвешка станал велемајстор на само 13 години, со што се впишал како третиот најмлад шахист во светот со таков резултат.

Нема достапен опис

-„Тука се собрани најсилните играчи, најсилните екипи од цела Европа кои во своите тимови имаат учесници од целиот свет. Имаме учесници од Индија, од Америка и претставува баш едно собиралиште мегдан на преубави шаховски партии“ ,вели Зоран Стојчески Шаховска федерација на Македонија. 

Нема достапен опис

Струга од викендот е домаќин на Европската шаховска елита. Врвни домашни и светски шаховски имиња ги одмеруваат силите, Сите европски држави се застапени преку своите најсилни клубови, засилени со шахисти од целиот свет.Фаворит на купот е македонскиот шаховски клуб „Алкалоид“.

-„Очекуваме да победат најдобрите и да имаме успешен турнир што ке доднесе на македонскиот шах и на нашата држава уште една значка на успешни организации каде ќе се претставиме пред светот дека може да организираме вакви големи настани и може дани веруваат и понатаму“ , додава Стојчески.
Нашата земја по трет пат во историјата е домаќин на најсилното клупско шаховско натпреварување, каде се собрани најдобрите играчи на денешницата.

До 24 септември на брегот на Охридското езеро 46 клубови од цела Европа , меѓу кои 85 велемајстори и повеќе од 180 титулирани играчи ги одмеруваат силите на шаховските полиња. Купот на шампиони во шах трае седум денови , а се одржуваат по стотина шаховски натпревари дневно, кои ги следат милион гледачи од целиот свет во живо.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани