Хризантеми и јапонски цреши ќе го красат градот на мостовите.
Вработените во работната единица „Одржување на јавни паркови и зеленило“при ЈП „Комунално“ Струга денес садеа сезонско цвеќе-хризантеми во припремените цветни леи на новиот кеј по течението на реката Црн Дрим. Денес беа посадени околу 200 хризантеми а од работната единица на „Одржување на јавни паркови и зеленило информираат дека е планирано да засадат уште 10 000 хризантеми во цветните леи во градските паркови и јавните површини.
За разеленување на градот, денес беа посадени 27 украсни дрва од типот Јапонска цреша по улицата „Маркс Енгелс“.


