Охриѓанец се расправал со нож, тепачка на паркинг

Полицијата приведе 30 годишник кој со нож повредил сограѓанец.

На 10.10.2021 година во СВР Охрид приведен е Р.Ч.(30) од Охрид, кој претходно, во домот на З.С.(48) од Охрид, предизвикал вербална расправија и со остар предмет го повредил во левата натколеница. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Портпаролот соопшти и за нарушен јавен ред и мир  случен синоќа на улицата „Мирче Ацев“ во Охрид со физички напад извршен од Н.С. врз Н.Ѓ.(34), двајцата од Охрид. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани