Полицијата „улови“ алкохолизирани возачи

Десет возачи синоќа ги „отрезна“ полициската контрола.

Синоќа, полициски сообраќајни контроли имало на целото подрачје на СВР Охрид, во сите градови.
Синоќа во периодот од 23 до 04 часот на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени акциски сообраќајни контроли при што санкционирани се 10 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол (Охрид-06, Струга-01, Кичево-02, Дебар-01). Целта на собраќајните контроли е зголемување на степенот на сообраќајната безбедност и доследно почитување на одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, соопшти м-р Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани