Полицијата приведе 30 годишник кој со нож повредил сограѓанец.
На 10.10.2021 година во СВР Охрид приведен е Р.Ч.(30) од Охрид, кој претходно, во домот на З.С.(48) од Охрид, предизвикал вербална расправија и со остар предмет го повредил во левата натколеница. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Портпаролот соопшти и за нарушен јавен ред и мир случен синоќа на улицата „Мирче Ацев“ во Охрид со физички напад извршен од Н.С. врз Н.Ѓ.(34), двајцата од Охрид. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
