Обвинувања за партиски вработувања

Се полни општинската администрација со партиски кадри,  обвинуваат од опозицијата. Нови вработувања во општината, во  јавните претпријатија  и охридскиските училишта се предизборно  задоволување на партиските апетити, сметаат опозиционерите.

 

Вработените немаат ниту столче,  ниту услови за работа,  а администрацијата ќе се трупа и идната година. Наместо по препораките да се работи на ефективна администрација, општината има пренатрупана и неефективна на секое ниво, вели Пецаков.

–  Видете толку вработувања  наназад статистика може да ви извадат и претставува класично партиско полнење со кадри на институциите во локалната самоуправа. Која е реалноста или која е потребата тоа да го прават освен задоволување на одредени партиски интереси. Истото го имаме и следната година повторно во буџетот се предвидени вработувања за што ќе реагираме на следната седница секако со амандмани“, рече Перчо Божиноски портпарол на ВМРО ДПМНЕ. 

– „Работа на опозицијата е да обвинува“, возврати градоначалникот Константин Георгиески.

„Во однос на школите за да има едно вработување добиваме ние согласност и од министерство за образование, и од информатичко општество. Што се однесува до тие десет огласи што се во општина Охрид  исто така се по систематизација. Голем дел се з внатрешни вработени, интерни унапредувања и сето тоа е по планот. Ние имаме уште слободни места за 2021 година кои ни следуваат по систематизација“, рече Георгиески.

Педесеттината вработувања  се  во Градски Пазар, Билјанини извори,  Градски Гробишта,  две основни училишта  и во општина Охрид,

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани