Пецаков оствари средба со претседателот на „Храбро срце“

Денеска  градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков во својот кабинет го прими претседателот на националното здружение на пациенти со механичка потпора на срце “Храбро Срце”.

На средбата од страна на Пецаков на Јолески му беше искажана силна поддршка за оваа група на граѓани ветуваќи дека секогаш за се што е во рамки на законските регулативи е спремен да помогне. Исто така на средбата беше договорено и ослободување од плаќање на надомест за паркирање на оваа група на граѓани, а градоначалникот Кирил Пецаков искажа и силна поддршка за напорите на здружението кои ги прави во борбата за подигање на свеста за органодарителството.
Од НЗ “Храбро Срце” искажуваме огромна благодарност до градоначалникот на Охрид и се надеваме дека и останатите градоначалници во Р. Македонија ќе ја пружат нивната поддршка на оваа група на граѓани.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани