Марко успешно исплива од Радожда до Охрид

После големи искушенија со ветар и бранови, Марко Пејчиновски вчера влезе во водите на Охридското Езеро кај Радожда. 

Попладнево пристигна на Охридското пристаниште. Патеката  долга 14 километри тој ја преплива за 5:25:09 часа.

Охридскиот херој Марко Пејчиновски ова лето пред себе постави нова цел, да го преплива езерото 10 пати на разни далечени. 

До крајот на јуни Марко ќе плива уште две патеки. На 18 јуни Радожда – Градиште во должина од 18 километри и на 25 јуни Радожда – Трпејца во должина од 20 километри.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани