Сите патишта денес водат во манастирскиот комплекс Свети Наум Охридски. На утрената богослужба и литургијата со која чиноначалствуваше Владиката Тимотеј присуствуваа стотици верници.
На богослужбата беше и градоначалникот Кирил Пецаков и претседателот на Советот на општина Охрид Сашо Донев.
Верниците палеа свеќи, а се помолија и на гробот на Чудотворецот.












