Четиригодишно дете почина во струшката болница

Четиригодишно дете утрово починало на Детското одделение во Струшката болница, соопшти денеска СВР Охрид.

Според информацијата, случајот во полиција бил пријавен во 9:50 часот од медицински лица од Општата болница во Струга.

 

-Медицински лица од Општата болница во Струга е пријавено дека, на Детското одделение во болницата било донесено четиригодишно дете од Струга, кое извесно време било во тешка здравствена состојба. И покрај итно укажаната медицинска помош, починало, изјави портпаролот Стефан Димоски.

Од струшката болница велат  се работи за дете болно од церебрална парализа, кое било донесено во тепка здравствена состојба.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани