Најстрога казна за штипјанецот кој малтретираше маче!

На социјалните мрежи се појави вознемирувачко  видео каде возило со штипски регистарски таблички вози по магистрален пат, а на возилото се гледа како под багажникот виси тело на мачка.

Граѓанската асоцијација „Ние за благосостојба на животните“ поднела пријава против лицето Н.Н, кое во текот на вчерашниот ден врзало мачка за своето моторно возило и на тој начин ја превезувало на отворен пат.

– Ова не е прв, ниту изолиран случај, каде што лица на ваков начин непотребно изложуваат животни на страдање. Непрепознавањето на овие дејствија како обележја на кривичното дело „Убивање и мачење животни“ и притоа нивно нормализирање од страна на полициските службеници, а следствено и јавните обвинители, е основната причина зошто овие лица најчесто поминуваат неказнето – велат од Асоцијацијата.

Активистите  бараат итно постапување од страна на надлежните институции и најстрога казна за монтрумите кои измачуваат животни.

Ги имаат регистарските таблички и многу лесно се знае кој е човекот кој мачтретира невино животно.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани