Пијани го нарушиле јавниот ред и мир

Пијани го нарушиле јавниот ред и мир.

На 28.06.2025 година во 02.45 часот, на кеј „Македонија“ во Охрид, приведен е Г.И.(39) од Охрид кој претходно, во алкохолизирана состојба го нарушил јавниот ред и мир со викање и непристојно однесување кон И.Т. од Струга. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во друг случај во угостителски објект лоциран на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, приведен е Г.А.(32) од Фалса, Република Турција. Тој претходно, во алкохолизирана состојба, го нарушил јавниот ред и мир со викање и непристојно однесување а потоа влегол во угостителскиот објект каде, при извршен преглед, полициските службеници, кај него забележаа и му одзедоа нож. Против него се поднесени пријави по Законот за оружје и Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани