Жител на Поградец илегално преминал граница.
-На 22.11.2025 година во 01:45 часот, во шумскиот појас кај месноста „Добра вода“, во близина на регионалниот пат Струга-Ќафасан, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Франгово“, го приведоа К.А.(29) од Поградец, Република Албанија. Тој, е затекнат откако илегално ја преминал македонско-албанската државна граница и остварил нелегален престој во земјава со што сторил прекршок по член 147 од Законот за странци. По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
