Општина Дебрца започна со активности за чистење на речното корито на Сатеска кај Бел Мост, со цел превенција од поплави и заштита на населението и имотот.
Како што информира градоначалникот Златко Сиљаноски, паралелно се спроведува и расчистување на дивите депонии, кои со години претставуваат сериозен еколошки проблем и негативно влијаат врз животната средина.
Во рамки на активностите, посебен фокус е ставен на критичните точки долж реката, со цел навремено да се намали ризикот од прелевање и евентуални штети.
Од локалната самоуправа посочуваат дека целта е создавање на чиста, безбедна и уредена општина, а воедно упатуваат апел до граѓаните да бидат одговорни и да придонесат кон зачувување на животната средина.




