Уште од раните утрински часови, градското пристаниште во Охрид раздвижено и полно со туристи. Низ кејот и старото градско јадро се среќаваат групи посетители од соседството, европските земји, но и од далечна Азија.Католичкиот Велигден е дополнителен мотив за патување.
Туристите од Малезија, Сингапур и Кина, кои се дел од организирани тури низ Балканот, велат иако се задржуваат кратко, Охрид оставил силен впечаток.
„Во Охрид сме само еден ден, на пат сме кон Тирана, Албанија. Ова е балканска тура – вчера бевме во Скопје, го посетивме стариот и новиот дел од градот и беше убаво искуство.

-Македонија многу ни се допаѓа. Денес сме во Охрид и навистина сме воодушевени од езерото, многу е убаво.“
Гостите од Азија пристигнуваат на скопскиот аеродром, а заминуваат од Загреб. Охрид е редовна станица. Интересот за регионот, според туристичките работници, е во постојан пораст, а со новите авио врски се освојуваат нови пазари.
-„Тргнуваме од Скопје, а турата ја завршуваме во Загреб. Посетуваме повеќе градови – Скопје, Охрид, Скадар, Тирана, Котор, Дубровник, Мостар, Сараево, Бихаќ. Станува збор за долга, седумдневна тура. Драго ни е што започнуваме токму во Македонија. Нашите гости особено уживаат во Охрид“, вели – Амина Омеркич, туристички водич од Босна.

„ Факт е дека туристите кои што доаѓаат од земјите на Бенелукс и некои други странски земји е во стагнација и пад, затоа од големо значење е воспоставувањето на овие две авио линии кои ќе донесат нов свеж воздух односно нови свежи туристи“, вели Челик Асим туристички работник.
Добрата посетеност и овој празничен викенд е потврда дека Охрид е неизбежна станица на туристичката мапа на Балканот и навестува плодна сезона.

Новинар Соња Рилковска
