Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ информира дека од 15 јуни 2026 година, собирањето на комуналниот отпад во Охрид ќе започнува во 06:00 часот наутро.
Од претпријатието соопштуваат дека во летниот период, согласно Програмата за работа за 2026 година, активностите за собирање, транспорт и депонирање на отпад ќе се извршуваат во раните утрински часови поради зголемениот обем на работа.
Ј.П. Ј.П. Охридски Комуналец апелира до граѓаните да ја почитуваат утврдената динамика на фрлање отпад, предупредувајќи дека секое непочитување ќе биде пријавено до комуналната инспекција и соодветно санкционирано.
Од претпријатието посочуваат дека промената е воведена со цел поефикасно одржување на хигиената во градот во текот на туристичката сезона.
