Дваесет и тригодишна државјанка на Обединетото Кралство се здобила со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на магистралниот пат Кичево – Охрид.
Несреќата се случила на 10 јуни 2026 година во 17:50 часот, кога патничко возило „Ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.У.К. (23) од Обединетото Кралство, удрило во метална заштитна ограда и излетало од коловозот.
Во несреќата тешко била повредена неговата сопатничка Б.А. (23) од Обединетото Кралство. Повредите биле констатирани во Специјална болница „Свети Еразмо“.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид, а причините за несреќата се утврдуваат.
