Општина Охрид го заврши асфалтирањето на патот што ги поврзува селата Лескоец и Велгошти, со што жителите на двете населени места добија директна и побезбедна сообраќајна врска.
Градоначалникот Кирил Пецаков информираше дека со реализацијата на овој проект се олеснува секојдневното функционирање на граѓаните и се подобрува локалната инфраструктура.
„Наш приоритет останува рамномерниот развој на целата територија на Општина Охрид. Инвестираме подеднакво во секое маало, во секое село и во секоја урбана заедница“, истакна Пецаков.
Од локалната самоуправа најавуваат дека и во наредниот период ќе продолжат со реализација на инфраструктурни проекти насочени кон подобрување на условите за живот во сите делови на општината.
