Општина Дебрца го заврши асфалтирањето на сретселото во селото Врбјани, со што е реализиран уште еден инфраструктурен проект насочен кон подобрување на условите за живот во руралните средини.
Според градоначалникот Златко Сиљаноски, поставени се вкупно 500 квадратни метри асфалт, а проектот е финансиран исклучиво со средства од сопствениот буџет на Општина Дебрца.
Со оваа инвестиција значително се подобрува пристапот и секојдневното движење на жителите во селото. Од локалната самоуправа истакнуваат дека остануваат посветени на рамномерен развој на сите населени места, најавувајќи дека градежната механизација продолжува со работа и на други локации во општината.
„Продолжуваме да работиме посветено, транспарентно и домаќински за нашата Дебрца“, порачува градоначалникот Сиљаноски.

